24фудбал

Манчестер јунајтед може да го продаде Погба и да купи две ѕвезди на Барселона

Шпанскиот весник „Мундо Депотиво“ тврди дека ако Манчестер јунајтед го продаде Пол Погба во летниот преоден рок, ќе тргне по двајца играчи на Барселона.

Англија

Погба би можел да си замине од Олд Трафорд и најверојатно да се пресели во Реал Мадрид, евентуално да се врати во Јувентус. А Манчестер јунајтед неговиот трансфер би го искористил за купување на Иван Ракитиќ и Кутињо од Барселона.

Пол Погба сака да си замине од Манчестер јунајтед кој не сака да слушне за негово заминување, но може да се предомисли доколку со финансиите добиени од негов трансфер успее да оствари дел од своите желби, а тоа се Ракитиќ и Кутињо.

Ракитиќ постојано се поврзува со заминување од Барса, а Кутињо не ги оправда очекувањата по рекордниот трансфер. Бразилецот имаше лоша сезона која кулминираше со недоразбирања со навивачите.

Ракитиќ и Кутињо се реални цели, но и скапи засилувања за кои треба да се обезбеди буџет и од евентуалното заминување на Погба.

„Мундо Депортиво“ тврди дека оваа мисија на Јунајтед е реална, но останува да видиме што ќе се случува во продолжението од преодниот рок.