24фудбал

Себаљос до Зидан: Не грижи се господине, и јас не сакам да работам со тебе

Дани Себаљос ќе си отиде од Реал Мадрид бидејќи тренерот Зинедин Зидан му рекол дека нема да смета на него во следната сезона.

Шпанија

По крајот на сезоната Зидан имал разговор со Себаљос во кој му рекол дека може да си оди од клубот бидејќи нема да смета на него.

„АС“ денеска објавува дека Себаљос му одговорил на Зидан: „Не е проблем господине, и јас не сакам да работам со тебе“.

Играчот од средниот ред ќе си замине а неколку клубови се интересираат за него. Атрактивна опција би било Тотнем кој во Себаљос гледа замена за Ериксен доколку тој го напушти Северен Лондон и се пресели во Рел Мадрид.