24фудбал

Јуве за смешна сума го купиле Сари

Јувентус на Челси му платил само еден милион евра за да го добие Маурицио Сари.

Италија

Сари имаше откупна клаузула во договорот со Челси од околу 6 милиони евра, но италијанските медиуми пишуваа дека Јувентус ќе го добие стратегот за помалку.

Сега „Тутоспорт“, весникот близок до Јувентус вели дека тие го купиле Сари за само еден милион евра.

Иако имаше уште две години од договорот со Челси, Сари реши да се врати во Италија и да стане тренер на Јувентус.