24фудбал

Манчестер јунајтед тргна по Ван-Бисака, Кристал Палас ги одби

На Островот пишуваат дека во Кристал Палас не биле задоволни од структурата на понудата од Манчестер јунајтед, дополнително, тамошните медиуми тврдат дека Кристал Палас бара најмалку 60 милиони евра за дефанзивецот за кого сериозен интерес има и од Тотнем.

Англија

„Скај Спортс“ извести дека Манчестер јунајтед испратил понуда вредна 50 милиони фунти за дефанзивецот на Кристал Палас, Арон Ван-Бисака, меѓутоа од Лондон категорично ја одбиле истата.

Се верува дека понудата изнесувала 35 милиони фунти кои со дополнителни бонуси стигнала до плус 15 милиони фунти, веројатно недоволно да се убеди раководството на Кристал Палас за продажба на еден од најбараните бекови низ фудбалска Европа.

Според информациите кои ги објави „Скај Спортс“ се вели дека во Кристал Палас наводно не биле задоволни со структурата на понудата од Манчестер јунајтед, но, се верува дека тие би прифатиле понуда од над 50 милиони фунти.

Ван-Бисака нема ништо против преселба на „Олд Трафорд, меѓутоа досега нема некои посебни активности од негова страна по тоа прашање, ниту побарал трансфер, ниту агитирал за такво нешто.

Од друга страна пак, Кристал Палас не чувствува никаков притисок за продажба на 21 годишниот десен бек кој имаше 39 настапи во сите конкуренции ланската сезона во која тимот од Лондон заврши на 12. позиција на табелата во Премиерлигата.

Бекот на Кристал Палас има уште три години од својот договор со клубот, а шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер очајно посакува да го доведе во својот состав ова лето со оглед на повлекувањето на капитенот Антонио Валенсија.