24фудбал

Рома го возврати ударот: Тоа што го зборува Тоти е далеку од реалноста

Франческо Тоти денеска преку прес конференција го потврди своето заминување од Рома и се отвори за сите проблеми кои ги имал откако прекинал да игра фудбал.

Италија

Излагањето на Тоти, разбирливо не наиде на симпатии на раководството. Неговата прес конференција не беше покриена ниту од официјалниот сајт ниту од официјалното радио на клубот. 

Рома сега излезе со официјално соопштение во кое ја кажува својата страна.

„Екстремно разочарани сме што дознавме дека Франческо Тоти соопштил дека ќе си замине од клубот и нема да ја прифати позицијата на Технички директор на Рома. Ние му ја понудивме таа улога по заминувањето на Мончи, за која чекавме на негов одговор“, се вели во соопштението.

„Верувавме дека улогата која му ја понудивме на Франческо е една од најзначајните позиции во клубот и улога која бара посветеност и верност, нешто што се очекува од сите сениор менаџери во клубот“.

„Бевме подготвени за трпение со Франческо и да му ја дадеме секоја помош при транзицијата од фудбалер во одличен менаџер. За да ја демонстрираме вербата во Франческо, му ја понудивме улогата на технички директор - улога во која верувавме дека оже да напредува и му ја понудивме секоја поддршка за да се адаптира“.

„Иако разбираме колку тешка може да биде неговата одлука за заминување од Рома, ние веруваме дека неговата перцепција на фактите и одлуките на клубот за кои збори е далеку од реалноста“.

„Што се однесува до неговите изјави за можно негово враќање со ново сопствеништво на клубот, комбинирано со информации за интерес од некои компании со кои зборувал патувајќи околу светот, се надеваме дека ова не е увертира за некоја некоректн обид за превземање на клубот, сценарио кое би било многу сензитивно за Рома. Сегашниот сопственик на Рома нема апсолутно никаква намера да ја стави Рома на продажба, ни сега, ниту во иднина“.

„На Франческо му посакуваме се најдобро во тоа што ќе одбере да прави следно“.