24фудбал

Родриго: Имав слика од Азар на мобилен, а сега ќе играм со него!

Реал Мадрид трансферот на Родриго го потврди уште пред една година, но тој остана на позајмица во Сантос, а од ова лето се сели на Бернабеу.

Шпанија

Реал Мадрид денеска го најави доаѓањето на Родриго кој стави потпис на договор со кралскиот клуб уште пред една година. Тој ќе биде презентиран на Бернабеу, а „Марка“ му направи големо интервју.

„Мислам дека на мојата презентација ќе дојдат помалку луѓе отколку таа на Азар. Но се надевам дека ќе има некој и наскоро ќе ме засакаат фановите“, вели Родриго.

„Би сакал да бидам дел од првиот тим на Реал Мадрид, но нема да ми е проблем и ако прво одат во Кастиља“.

„Азар е играч кој отсекогаш сум го следел. Имав почетна фотографија на мојот мобилен од него. Па замислете. Сега ќе можам да играм со него! И Бензема и Винициус се двајца феномени“.

„Ќе бидам нервозен кога ќе го запознаам Азар, сигурно. Но ќе бидам и многу среќен во исто време“.

Родриго игра и на десната и на левата страна во нападот. Тој ја преферира десната, но би играл на секоја позиција на која ќе му каже Зидан.

„Ќе играм таму каде што ќе ми рече тренерот. Во Сантос играв повеќе на десната страна, можеби таа ја преферирам повеќе, но можам добро да играм и на двете страни“.