24фудбал

Рабио се договорил со Јувентус?

Играчот од средниот ред на ПСЖ, Адриен Рабио се договорил со Јувентус каде оди како слободен агент.

Италија

Според „Ел Чирингито“, Рабио ќе стави потпис на петгодишен договор за плата од седум милиони евра по сезона.

Јувентус е подготвен да му плати и десет милиони евра само за потписот на договорот.

Рабио кој има 24 години, веќе одигра преку 200 натпревар за ПСЖ и освои шест лига титули.

Сепак од декември беше исфрлен од тимот бидејќи одби да стави потпис на нов договор.