24фудбал

Шкендија го доби најпосакуваниот противник во ЛШ, Номе Калју!

Шампионот на Македонија, Шкендија ќе игра против Номе Калју од Естонија во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Македонија

Денеска во Нион беше извршена ждрепката за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, Шкендија го дозна својот противник.

Тоа е најслабиот од петте кои можеа да ги добијат, Номе Калју од Естонија.

Македонскиот првак ќе биде голем фаворит во овој двобој, Шкендија прво ќе гостува на 9 или 10 јули, а реваншот е во Скопје на 16 или 17 јули.