24фудбал

Во Италија откриваат: Елмас веќе има своја желба за тоа каде да направи трансфер

Поранешниот клуб на капитенот на нашиот најсилен национален состав Горан Пандев, се наведува како засега најпосакуваната дестинација за нашиот фудбалски бисер, за кого интерес има од повеќе гиганти низ Европа.

Македонија

Неапол е засега најпосакуваната дестинација на Елиф Елмас, како и најинтересна од неговиот широк спектар на избор кој го има за трансфер во некој од европските гиганти, се вели дека Наполи е во пол-позиција за потписот на Македонецот.

Од Италија ни пристигнуваат информации кои говорат дека таткото на нашиот репрезентативец веќе имал средба со неколку прволигаши во Италија, а токму Наполи е првиот избор на 19 годишниот фудбалер.

Таткото на Елмас, како и неговиот преведувач пристигнаа во Италија директно од Скопје. Тие обајцата беа во Милано неколку денови и имаа средби со заинтересирани екипи за младиот фудбалер кој има само 19 години, инаку член на Фенербахче“ пренесе новинарот Рафаеле Ауриема на радио „Марте“.

Досега тие разговараа со претставници на Аталанта, Сампдорија, Интер, како и Наполи, токму Неапол е засега најпосакуваната дестинација на Елмас, воедно и најинтересна“ додава тој и притоа заклучува дека Наполи ќе понуди 10 милиони евра за Македонецот, додека пак Фенербахче бара двојно повеќе од тоа, сепак, обата клуба би можеле да се договорат за 15 милиони евра.