24фудбал

Барселона отпадна, уште три клуба во трка за Де Лихт

Матијс Де Лихт ќе биде еден од главните трансфери ова лето, засега е сигурно само дека нема да игра за Барселона со која силно се поврзуваше.

Останато

Шпанската радио станица „Кадена СЕР“, тврди дека Барселона не е веќе во трката за Де Лихт откако капитенот на Ајакс ја оценил нивната понуда за незадоволувачка.

Во трка останаа Јувентус, ПСЖ и Баерн Минхен кои имаат подобри понуди од Барселона за дефанзивецот.

19-годишниот дефанзивец се очекува наскоро да го одбере својот нов клуб иако тоа може да се одолговлечи бидејќи негов агент е Мино Рајола кој сака да го извади максимумот од секој трансфер во кој тој учествува.