24фудбал

Нејмар заминува од ПСЖ: Сакам да се вратам во мојата куќа која никогаш не требаше да ја напуштам!

Бразилската ѕвезда можеби го одигра последниот натпревар за ПСЖ, тој имал дискусија со претседателот на клубот на која му рекол дека сака да си замине.

Шпанија

„Мундо Депортиво“ извади насловна со порака на Нејмар кон претседателот Насер Ал Келаифи која гласи: „Не сакам да играм тука повеќе, сакам да се вратам во мојата куќа која не требаше никогаш да ја напуштам“.

Се верувам дека Нејмар мисли на Барселона, дел од другите медиуми пишуваат дека тој веќе почнал да бара нова куќа таму и големи се шансите да се врати.

Претходно претседателот на ПСЖ ја отвори вратата за заминување на ѕвездите кои не сакаат да играат во францускиот клуб.

Но, ПСЖ и да го стави Нејмар на продажба нема лесно да се откаже од неговите услуги, ќе бара голема понуда. А Барселона ако тргне по Нејмар, веројатно ќе треба да се откаже од намерата да го купи и Гризман за кој се претпоставуваше дека е завршена работа.