24фудбал

Каква иронија, Погба кажа дека сака да си оди а на 1. јули ќе добие „дебел“ бонус за лојалност!

Пол Погба изрази желба да ја промени средината и ова лето можно е да го напушти Манчестер јунајтед, но и покрај тоа на 1. јули треба да добие „дебел“ бонус за лојаност од 3,78 милиони фунти.

Англија

Французинот е на излезна врата од Олд Трафорд, Зинедин Зидан силно го посакува за новиот проект во Реал Мадрид а и Јувентус се обидува да го врати во Торино.

Самиот Пол Погба минатата недела изрази желба да замине и изјави дека е време за нов предизвик и промена на средината. И покрај тоа што во мислите има друга дестинација, фудбалерот од средниот ред на 1. јули ќе добие „дебел“ бонус за лојалност.

Како што пишува Дејли Мејл, на сметката на Пол Погба на почетокот од следниот месец треба да легнат 3,78 милиони фунти. Овој бонус се зголемува секоја година, и во 2018 тој инкасирал 3,46 милиони фунти за лојалноста кон „ѓаволите“.