24фудбал

Корејско засилување за Работнички

Кореецот Хјунг-јон Ли е новото засилување за Работнички, тој потпиша двегодишен договор со македонскиот тим.

Македонија

Работнички денеска промовираше корејско засилување, се работи за 21-годишниот Хјунг-јон Ли кој игра во средниот ред.

Тој во изминатиот период настапувал за неколку германски нисколигаши, доаѓа од Гиншајм, а претходно играл за Фонтана Финтен и Вехен.

Од Работнички информираат дека работат на неколку нови засилувања, а првата прозивка под водство на новиот тренер Александар Влахо е на 26 јуни.