24фудбал

Де Лаурентис и Наполи сакаат да ја засенат промоцијата на Сари во Јувентус со трансфер на големо засилување

Наполи кова план како да ја засени промоцијата на Маурицио Сари, идејата е на истиот ден тие да го соопштат Хамес Родригез како ново засилување.

Италија

Маурицио Сари беше тренер на Наполи, а сега ќе биде на нивниот најомразен ривал, Јувентус.

Навивачите се гневни на Сари и го сметаат за предавник, а претседателот на Наполи, Де Лаурентис има план како да ја засени неговата промоција во Јувентус која треба да се случи утре.

Наполи е блиску до договор со Реал Мадрид за ангажман на Хамес Родригез.

„Ла Република“ пишува дека Де Лаурентис планира да го соопшти трансферот на Хамес во истиот ден кога Сари ќе биде промовиран како нов тренер на Јувентус.

За тоа да се случи, треба зделката да биде склучена до крајот на денешниот ден.