24фудбал

Официјално: Хумелс се врати во Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд и Баерн Минхен постигнаа договор за трансфер на дефанзивецот Матс Хумелс кој се враќа во добро позната средина.

Германија

Централниот дефанзивец играше во Борусија Дортмунд од 2008 до 2016 година од каде се пресели во Баерн Минхен. Сега Хумелс повторно се враќа во стариот свој клуб.

„Борусија Дортмунд и Баерн Минхен постигнаа договор за трансфер на дефанзивецот Матс Хумелс“, информираа клубовите.

Остануваат уште формалности за трансферот да биде комплетиран. Хумелс треба да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договорот.