24фудбал

Луис Енрике се повлекува од кормилото на Шпанија

Се уште не се познати детали од семејните проблеми кои ги има Енрике, кои се наведуваат како причина зошто тој од поодамна е вон натпреварите на Шпанија, веројатно и нема дилеми околу тоа кој ќе го наследи на неговата позиција.

Останато

Луис Енрике повеќе не е селектор на најсилниот шпански национален состав, од тамошната фудбалска федерација се очекува и официјално да потврдат дека поранешниот тренер на Барселона се повлекува од таа позиција.

Од поодамна Енрике поради семејни проблеми не беше во можност директно од клупата да ја предводи „Црвената фурија“, па тоа го правеше неговиот асистент Роберто Морено, но, во консултација помеѓу нив двајца околу составот и тактичките замисли за натпреварите.

По цели три месеци откако почнаа проблемите за Енрике, за кои се уште не е познато од какви причини се, 49 годишниот фудбалски стратег ќе се повлече, а тој во текот на целиот тој период ја имаше максималната поддршка од Шпанската фудбалска федерација.

Според информациите кои ги објави „Марка“, се вели дека токму Морено ќе добие прилика да го предводи националниот состав на Шпанија.