24фудбал

Луис Енрике со емотивно писмо по повлекувањето од кормилото на Шпанија

Поранешниот тренер на Барселона неполна година мина на селекторската позиција на „Црвената фурија“, три месеци отсуствуваше поради семејни проблеми а сега и официјално се повлече од таа позиција која ќе биде наследена од неговиот асистент.

Останато

Луис Енрике и дефинитивно се повлече од шпанскиот национален состав, а на селекторската позиција ќе го замени неговиот асистент Роберт Морено кој го водеше тимот од клупата но претходно во договор со Енрике.

Засега јавноста остана куса за да ги дознае точните информации поради кои Енрике отсуствуваше од шпанскиот национален состав, досега е познато само дека се работи за семејни проблеми, а Енрике со емотивно писмо се обрати до јавноста упатувајќи голема благодарност за разбирањето на ситуацијата.

Поради причините кои ме оневозможија да функционирам нормално како тренер од март до овој ден, одлучив да се повлечам од функцијата селектор на Шпанија, би сакал јавно да упатам благодарност до шпанската фудбалска федерација за довербата и разбирањето кое го покажаа“ вели тој.

Посебна благодарност би упатил на луѓето кои се дел од стручниот штаб и фудбалерите за нивниот професионализам, нема да ги заборавам ниту медиумите за нивната дискреција и почит за целата оваа ситуација, ви благодарам од срце“ заклучи Енрике.