24фудбал

На Зидан не му треба но е идеален за Симеоне, Атлетико донесе засилување од Реал вредно 40 милиони

За прв пат по 13 години, Атлетико пазари од Сантијаго Бернабеу, двата лути градски ривали си подадоа рака за трансфер на Маркос Љоренте вреден околу 40 милиони евра.

Шпанија

„Колчонероси“ попладнево соопштија дека го ангажираше Маркос Љоренте. 24 годишниот Шпанец пристигнува од локалниот ривал Реал Мадрид. Детели не беа откриени, но медиумите пренесуваат дека трансферот е вреден 40 милиони евра.

Фудбалерот не е во плановите на Зинедин Зидан, но затоа пак се вклопува во замислите на Диего Симеоне и ќе треба да го пополни местото на Родри, кој наскоро ќе се пресели во Манчстер Сити за 70 милиони евра.

Маркос Љоренте е голем борец од средниот ред, кога во сезоната 2016/17 беше на позајмица во Алавес, беше играчот со најмногу освоени топки во првенството на Шпанија, дури 303. Има одлични физички предиспозиции а знае и да игра со топка, па се очекува перфектно да се адаптира во стилот на Чоло и Атлетико.

Тој ќе стави потпис на петгодишен договор и ќе биде првиот играч кој по 13 години директно од Бернабеу завршува во Атлетико. Последен кој го заменил Реал со лутиот градски ривал е Хосе Мануел Хурадо во 2006.