24фудбал

АДЛ: Колку ќе биде убаво кога Анчелоти ќе го победи Јуве, што ли само ќе кажат навивачите на Наполи за Сари тогаш

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис не пропушти да испрати провокација до Маурицио Сари откако стратегот денеска беше промовиран како нов тренер на Јувентус.

Италија

На „наполитанците“ не им се допаѓа тоа што нивниот поранешен предводник реши да седне на тренерското столче на вечниот ривал Јувентус. Маурицио Сари веќе е предавник за навивачите на Наполи, а изминативе денови со критики не се штедеше ниту првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис.

Тој и денеска испрати провокација, и тоа само неколку часа по промоцијата на Маурицио Сари во Торино.

„Сари е човек кој може да се качи на трибина со навивачите, затоа е миленик на сите. Анчелоти пак е деловен човек, по мерак на клубот“ – вели АДЛ.

„Би сакал да видам како Маурицио ќе се адаптира на стилот на неговиот нов тим. Тој секогаш е во тренерки, се дере, пцуе и богохули“.

„Колку ќе биде убаво кога Анчелоти ќе го победи Јувентус на терен. Што ли само тогаш ќе кажат навивачите на Наполи ако знаеме дека веќе сега го сметаат Сари за голем предавник“.