24фудбал

Гризман е фрустриран од можноста Барселона да го искористи за да го ангажира Нејмар

„Ле Парисиен“ објави дека фудбалерот е во една доста неповолна позиција откако се појавија шпекулации низ медиумите дека Барселона би можела да го комплетира договорот за негов трансфер на „Камп Ноу“, а веднаш потоа да го искористи за трампа со ПСЖ за Нејмар.

Шпанија

Според пишувањата на француски „Ла Парисиен“, се вели дека Антоан Гризман им соопштил на своите претставници дека се чувствува гневен на шпекулациите околу можната трампа за него и Нејмар, што би можело да доведе до тоа ПСЖ да го ангажира него, а Нејмар да се врати во Барселона.

Се верува дека Барселона, која наводно ги договорила условите со францускиот репрезентативец за официјално да го промовира трансферот на 1. јули, би можела да го искористи фудбалерот како дел од нивниот план да го вратат Нејмар на „Камп Ноу“.

Се шпекулира дека Каталонците веднаш штом го комплетираат трансферот на Гризман би го понудиле на францускиот првак, а ова е опција која на Гризман воопшто не му се допаѓа и одбива да биде „пион“ во целата таа операција, како што пишува каталонски „Спорт“ пренесувајќи ја веста од францускиот весник.

Дополнително, „Ле Парисиен“ пишува дека потенцијалниот проблем за евентуална преселба на Гризман во француската престолнина претставува и неговиот ладен однос со сонародникот Килијан Мбапе.

Гризман веќе објави дека летово ќе се раздели со Атлетико Мадрид, а како за потсетување лани Барселона целосно извиси со Французинот кој преку документарец ја објави својата одлука дека останува член на Јорганџиите, по што стана неомилен лик кај фановите на каталонскиот клуб.