24фудбал

Бобан и Малдини отпатуваа во Мадрид, Милан го сака пола тим на Реал

Директорите на Милан, Паоло Малдини и Звонимир Бобан синоќа беа во работна посета на Мадрид и средба со колегата од Реал, Хосе Анхел Санчез на која било разговарано за неколку имиња.

Италија

„Кралевите“ треба да се разделат со голем број на играчи откако до овој момент потрошија повеќе од 300 милиони евра на засилувања а до крајот на летото се очекува и пристигнување на уште една до две ѕвезди.

Па лидерите на Милан сакаат да ја искористат ваквата ситуација и директорите Паоло Малдини и Звонирим Бобан синоќа отпатуваа во Мадрид на средба со нивниот колега Хосе Ангел Санчез.

Судејќи според тоа што пишуваат различни медиуми, „росонерите“ го сакаат половина тим на Реал.

Кориере дела Сера пренесе дека прва желба на Милан бил талентираниот Дани Себаљос, за кого „кралевите“ бараат помеѓу 40 и 50 милиони евра. На листата се наоѓаат и имињата на Мартин Одегард, Серхио Регилон, Тео Хернандез и Борха Мајорал.

Газета дело Спорт пренесува дека Дани Себаљос и Мартин Одегард се на врвот на списокот, на кој има уште неколку млади играчи.

Кориере дело Спорт пак вели дека Милан се распрашувал за Матео Ковачиќ и Марко Асенсио, а Ла Република пишува дека Малдини и Бобан се вратиле дома со голем сон, односно ангажман на Винисиус Жуниор.

„Имаме добри вести за тренерот Џампаоло. Оптимист сум“ – беше кратката изјава на Паоло Малдини за Скај по состанокот во престолнината на Шпанија.