24фудбал

Милан ја затоври вратата на Барселона за ангажман на Ромањоли

Милан нема намера да го продаде Алесио Ромањоли за кој Барселона нуди 40 милиони евра.

Италија

Откако не успеа да го ангажира Де Лихт, Барселона се насочува кон Ромањоли, а како дел од понудата е подготвена да даде и играч.

Но, според италијанските медиуми, одговорот на Милан е негативен, шансите за продажба на дефанзивецот се минимални.

Милан нема голем буџет за нови засилувања, па во една таква ситуација сака барем да ги задржи своите клучни фудбалери.