24фудбал

Се појави прво видео од свадбата на Серхио Рамос и Пилар Рубио (ВИДЕО)

Минатиот викенд, Серхио Рамос се ожени за својата долгогодишна девојка Пилар Рубио, а денеска се појави и првото видео од забавата која беше организирана.

Шпанија

На свадбата имаше речиси 500 гости и многу познати личности од светот на фудбалот и шоубизнисот. Серхио Рамос и Пилар Рубио им забранија на своите гости да ги понесат телефоните за да можат целосно да се опуштат и да уживаат, па нема многу информации за забавата.

Сепак, попладнево Серхио Рамос објави видео од 50-тина секунди со најубавите моменти, а видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.