24фудбал

Санчез го однесе Чиле во четвртфинале (ВИДЕО)

Чиле со 2-1 ја победи селекцијата на Еквадор, го забележа вториот триумф и на коло пред крај го завери пласманот во четвртфиналето.

Јужна Америка

Алексис Санчез игра како препороден за својата репрезентација, како да не е тој од Манчестер јунајтед. Имаше одличен меч против Јапонија, а сега против Еквадор ја донесе победата.

Чиле поведе уште во осмата минута кога една одбиена топка во шеснаесетникот дојде до Фуензалида кој шутираше и даде гол за 1-0.

Во 26. минута беше досуден пенал за Еквадор, а сигурен реализатор беше Валенсија.

По шест минути игра во вториот дел, Алексис Санчез со убав гол ја донесе победата од 2-1 за Чиле.

По две одиграни кола во групата Ц, Чиле е прв со шест бодови, Уругвај има четири, Јапонија еден, а Еквадор е без бодови.