24фудбал

Ниту Барселона, ниту ПСЖ, Де Лихт оди во Јувентус

Дефанзивецот на Ајакс, Матијс Де Лихт е блиску до трансфер во Јувентус, тврдат холандските медиуми.

Италија

Холандскиот весник „Де Телеграф“ пишува дека Де Лихт одлучил да се пресели во Јувентус.

Тој ги одби Барселона и ПСЖ со кој долго време се поврзуваше и ќе потпише петгодишен договор со Јувентус.

Неговата годишна плата ќе биде помеѓу 15 и  20 милиони евра по сезона со што ќе биде втор најплатен играч во Серија А, прв е Роналдо со 30 милиони годишно. Јувентус на Ајакс ќе му плати околу 70 милиони евра.

„Скај Италија“ пишува дека клуч за овој трансфер е Адриен Рабио. Тој ќе му се приклучи на Јувентус како слободен играч, а шампионот со негов ангажман го комплетира средниот ред, па парите наместо за враќање на Погба ќе ги инвестираат во ангажман на Де Лихт.