24фудбал

Голманот на Перу киксираше, па Фирмино си поигра со него и постигна гол без да гледа (ФОТО и ВИДЕО)

Бразил со убедливи 5-0 го совлада Перу, љубителите на фудбалот видоа неколку убави голови и еден голем кикс по кој Фирмино си поигра со противничкиот голман и ја затресе мрежата без да гледа.

Јужна Америка

Напаѓачот на Ливерпул е опседнат со тоа да го врти погледот на друга страна пред да постигне гол, и ова го направи и вечерва во дресот на Бразил.

На дуелот против Перу на Копа Америка, голманот киксираше и кога исфрлаше една топка беше изблокирана од страна на Фирмино. Топката сепак не заврши во голот и ја погоди пречката, но се одби до голгетерот кој знаеше како да ја искористи шансата која му се укажа.

Тој најпрво си поигра со голманот на Перу, со дриблинг го легна на тревата и потоа без да гледа ја затресе мрежата за 3-0.