24фудбал

И самиот Меси не можеше да поверува што промаши, наместо прослава на гол, топката под облаци (ВИДЕО)

Лео Меси често е критикуван за тоа дека не игра на исто ниво за Аргентина и Барселона, напаѓачот и против Катар не успеа да блесне и се избрука со големо промашување.

Јужна Америка

„Гаучосите“ вчера не дозволија срамна елиминација и со триумф од 2-0 над Катар обезбедија четвртфинале на Копа Америка. И покрај тоа што Аргентина рано дојде до водство по една грешка на противникот, избраниците на Скалони се мачеа предвреме да го решат победникот

Лео Меси имаше златна прилика во 73. минута од мечот кога доби топка на 11 метри. И додека ваквите ситуации во Барселона обично ги решава со елегантен финиши и погодок, тој имаше големо промашување и ја испрати топката под облаци. Дури и самиот напаѓач не можеше да поверува што направи.