24фудбал

Буфон може да му биде соиграч на Алиоски во Лидс, Италијанецот има уште една опција

Искусниот Италијанец би можел да му се приклучи на нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски во Лидс, „Кориере дело Спорт“ пишува дека предизвикот да се бори за влез во Премиерлигата е голем, па од тука нема да зачуди ако легендарниот голман се пресели на „Еланд Роуд“.

Останато

Според информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека 41 годишниот Џанлуиџи Буфон има две опции каде би можел да ја продолжи својата кариера, се работи за Лидс и Порто, екипи кои веќе пријавиле интерес за неговите услуги.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Порто веќе му понудил на искусниот Италијанец богат договор за да го замени Икер Касиљас, откако очекувањата се тој да се повлече по срцевиот напад кој го имаше.

Како и да е, весникот објаснува дека Буфон би можел да биде понесен од предизвикот да застане на голот на Лидс и да се обиде да помогне во мисијата на тимот од „Еланд Роуд“ за враќање во Премиерлигата.

„Кориере дело Спорт“ додава дека опцијата Флуминенсе е веќе затворена за Буфон, меѓутоа сигурно е дека ќе има и останати екипи кои ќе се вклучат во трката за неговиот потпис, весникот додава дека шефот на стручниот штаб на Лидс, Марсело Биелса е подготвен да направи сешто е можно за да оствари враќање во елитниот шампионат на Островот со тимот.