24фудбал

Винисиус: Иднината на Мбапе е во Реал Мадрид, навивачите сонуваат за него

Сигурно дека ќе има уште неколку големи трансфери по оној на Азар, токму околу Кралскиот клуб се вртат уште неколку мега ѕвезди кои влегуваат во плановите на Зидан во реконструкцијата на тимот од „Сантијаго Бернабеу“.

Шпанија

Килијан Мбапе од поодамна се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид, а Винисиус Жуниор вели дека иднината на францускиот напаѓач од редовите на ПСЖ е во Реал Мадрид, Бразилецот верува дека Мбапе ќе се пресели во шпанската престолнина побрзо отколку што се очекувањата.

18 годишниот офанзивец на Кралевите говореше за Мбапе и издвои пофални зборови за него, потенцирајќи на тоа дека фановите на шпанскиот гигант сонуваат за младата ѕвезда.

Иднината на Мбапе е во Реал Мадрид, мислам дека тој ќе дојде порано од очекувањата“ вели Винисиус.

Јас знам дека сите навивачи на Реал Мадрид сонуваат за Мбапе, не само оние на Реал Мадрид, туку и сите оние фан бази околу светот, имам големо почитување за него, освои неколку титули, доколку навистина дојде тука, би било навистина добро“ посочи младиот Бразилец.