24фудбал

Една клаузула од Реал Мадрид го кочи трансферот на Себалјос во Арсенал

Реал Мадрид сака да постави посебна клаузула при продажбата на младиот фудбалер од средниот ред, се верува дека Арсенал нема ништо против да ја издвои бараната сума од Кралевите, но клаузулата е проблем.

Англија

Дани Себалјос донесе мини поделеност во Реал Мадрид, се шпекулира дека претседателот на клубот Флорентино Перез, како и директорот Хосе Анхел Санчез веруваат во талентот и потенцијалот кој го поседува фудбалерот, меѓутоа тој не е во плановите на Зинедин Зидан.

Францускиот стратег наводно веќе дал зелено светло за продажба на 22 годишниот фудбалер ова лето, а во денешното издание „АС“ тврди дека Арсенал е сериозно заинтересиран за услугите на Себалјос кој во последните две сезони беше ограничен на само 17 настапи во Примера.

„АС“ пишува дека во Реал Мадрид ќе преговараат со клубовите заинтересирани за потписот на Себалјос, но само за понуди од над 50 милиони евра, иако постои и големо прашање во однос на оваа тема.

Весникот додава дека токму Арсенал е клубот кој нема ништо против да ја издвои бараната сума од Реал Мадрид за младиот Шпанец, меѓутоа Премиерлигашот ќе се соочи со едно посебно барање од шпанскиот клуб, а тоа е опција за купување и клаузула со која ќе можат да си го вратат назад играчот.

Токму тоа барање на Реал Мадрид се верува дека ќе донесе неизвесност во преговорите, во Реал Мадрид се уште немаат приоритет за продажба на младиот Шпанец, меѓутоа доколку падне и дефинитивно одлука за такво нешто, сигурно Кралевите на маса на преговорите би го ставиле тој услов кој носи неизвесност во преговорите помеѓу Реал Мадрид и Арсенал.

„АС“ издвојува дека иако тимот на Унаи Емери е подготвен да издвои 50 милиони евра за Себалјос, сепак, тешко би прифатил во таков случај и бајбек клаузула при евентуален договор со Реал Мадрид.