24фудбал

ПСЖ му понудил на Манчестер јунајтед трампа Нејмар за Погба, „ѓаволите“ одбиле поради две причини

Според пишувањата на Индипендент, ПСЖ стапил во контакт со Манчестер јунајтед и понудил да ги трампаат Нејмар и Пол Погба, но „ѓаволите“ го одбиле предлогот.

Англија

Иднината на Нејмар и Пол Погба е неизвесна, Бразилецот се поврзува со враќње во Барселона додека пак Французинот е желба на Реал Мадрид и Јувентус.

Според пишувањата на Индипендент, Манчестер јунајтед добил можне интересен предлог. ПСЖ им понудил трампа „глава за глава“ со која Нејмар требал да заврши на Олд Трафорд а Пол Погба на Паркот на Принцовите.

Но првиот оперативец на „ѓаволите“, Ед Вудворд се откажал поради две причини. Се верува дека Нејмар има плата од 36 милиони евра по сезона во Париз и ваквите примања се превисоки за Манчестер јунајтед.

А втората причина е тоа што Ед Вудворд очајно сака да го задржи Пол Погба на Олд Трафорд.