24фудбал

Мурињо меѓу фаворитите за наследник на Бенитез, но има еден клучен услов за да стане тренер на Њукасл

Рафаел Бенитез денеска се раздели со Њукасл по што веднаш почна да се шпекулира со имиња за можниот негов наследник.

Англија

Њукасл денеска потврди дека нема да ја продолжи соработката со Рафаел Бенитез чиј договор со клубот истекува на 30 јуни.

Со нивното соопштение почнаа и шпекулациите за нов тренер на Њукасл.

Очите се вперени кон Жозе Мурињо, но за тој да стане тренер на Њукасл, условот е шеикот Калед бин Зајед Ал Нехајан да го комплетира купувањето на клубот.

Само со сериозен трансфер буџет Мурињо ќе може да креира тим каков што сака и да тргне во лов на најдобрите.

„СпортМедиасет“ оди чекор подалеку и дури го именува Марко Матераци за помошник на Мурињо во Њукасл.

Но, Португалецот сигурно нема да седне на столчето на Сент Џејмс Парк ако сопственик на клубот остане Мајк Ешли.

Во случај да не се промени раководната структура, за прв фаворит се посочува помошникот на Пеп Гвардиола, Микел Артета, меѓу кандидатите се и Алан Педрју и Крис Хатон.