24фудбал

Јовиќ кратко време беше на тронот, СМС станува најскап фудбалер од Балканот, договорен е трансфер од 80 милиони во ПСЖ?!

Лука Јовиќ стана најскап фудбалер од Балканот по трансферот во Реал Мадрид вреден 60 милиони евра, но набрзо ќе биде симнат од тронот, Сергеј Милинковиќ Савиќ треба да потпише за ПСЖ за 80 милиони евра.

Италија

Сергеј Милинковиќ Савиќ е на чекор до преселба во Париз. Ова вечерва го пренесоа неколку медиуми од Србија и Италија. Наводно играчот и лидерите на ПСЖ си подалека рака за петгодишен договор и останува уште „светците“ да ги испеглаат деталите со Лацио.

Преговорите се во прилично напредна фаза и се говори дека двата клуба ќе постигнат договор за трансфер вреден 80 милиони евра.

Со ваква сума, популарниот СМС ќе стане најскапиот фудбалер од Балканот и ќе го собори рекордот на неговиот сонародник, Лука Јовиќ, кој овој месец се пресели во Реал Мадрид за 60 милиони евра.