24фудбал

Кавани го „реши“ Чиле, познати четвртфиналните дуели на Копа Америка (ВИДЕО)

Ноќеска се одиграа последните два меча од групната фаза од Копа Америка, Уругвај го победи Чиле со 1-0, Еквадор и Јапонија одиграа без победник 1-1, по што се познати сите четвртфинални двобои.

Јужна Америка

Уругвај со гол на Кавани во 82. минута дојде до победа од 1-0 против Чиле и на првото место ја заврши групната фаза.

Јапонија со гол на Накајима во 15. минута имаше водство над Еквадор кој 20 минути подоцна преку Мена Делгадо го изедначи резултатот на 1-1.


Во четвртфиналето се пласираа првите две од секоја група, и најдобрите две третопласирани (Перу и Парагвај).


Четвртфинале:

Бразил - Парагвај

Венецуела - Аргентина

Колумбија - Чиле

Уругвај - Перу