24фудбал

Спорт вели дека начелно е постигнат договор: Барса и Нејмар си дале збор за петгодишна соработка вредна 120 милиони

Каталонскиот весник Спорт пренесе дека е постигнат вербален договор помеѓу Барселона и Нејмар за петгодишна соработка и плата од 24 милиони евра по сезона.

Шпанија

Барселона се договори со Нејмар, оваа вест како ексклузива ја пласира Спорт. Каталонскиот весник вели дека двете страни си дале збор за петгодишна соработка.

Желбата на Бразилецот за враќање а Камп Ноу била толку голема па тој без многу размислување ги прифатил условите кои му ги понудил Жозеп Мариа Бартомеу. Напаѓачот кажал ДА на плата од 24 милиони евра по сезона, што е далеку помала од онаа која во моментов ја добива во Париз (околу 36 милиони евра).

Спорт додава дека Реал Мадрид исто така пројавил желба да го ангажира Нејмар, и понудата на „кралевите“ била далеку подобра, но приоритет на фудбалерот е враќање во Барселона, па затоа тој се откажува од десетици милиони

Покрај помалата плата, Нејмар ќе направи уште едно финансиско жртвување и ќе се откаже од тужбата со која си го бара бонусот од 26 милиони евра кој Барселона не му го исплати летото во 2017 непосредно пред трансферот во ПСЖ.