24фудбал

Да биде по правила и прописи, Дерби му дозволи на Челси да преговара со Лампард

Френк Лампард е на чекор до враќање на Стемфорд Бриџ откако попладнево Дерби соопшти дека Челси добил дозвола да преговара со стратегот за пополнување на испразнетото тренерско столче.

Англија

Легендата на „сините“ веднаш беше споменат како наследник на Маурицио Сари кога стана јасно дека Италијанецот нема намера да продолжи на кормилото на Челси.

Дерби се обиде да му пркоси на гигантот од Стемфорд Бриџ, но второлигашот си легна на брашното и прифати дека нема да може да му стои на патот на Френк Лампард.

Попладнево популарните „овни“ соопштија дека му дале дозвола на Челси да преговара со стратегот за пополнување на испразнетото тренерско столче. Па сега се очекува за кратко време „сините“ да пронајдат договор со Френк Лампард и да го именуваат за нов предводник.