24фудбал

Не само Буфон, и Тоти може да му стане соиграч на Алиоски!

Ако се остварат шпекулациите за трансфер желбите на Лидс, Езгјан Алиоски може да заигра со две големи италијански легенди.

Англија

Веќе неколку дена се пишува дека Лидс се интересира за Џиџи Буфон, а денеска има дека тие сакаат да го вратат Тоти од пензија и му нудат едногодишен договор.

Поранешниот напаѓач на Рома, Марко Бориело изјави дека познат англиски клуб сака да потпише со Тоти како играч.

„Знам дека познат англиски клуб му достави понуда да се врати како играч“, вели Бориело но не открива за кој се работи.

Лидс има италијански сопственик, Андреа Радрицани, па веројатно негови желби се Буфон и Тоти.

Би било интересно ако Алиоски заигра со двете италијански легенди.