24фудбал

Кутињо зборува за ВатсАп групата на играчите на Барселона, го прашаа дали и Нејмар е таму

На прес конференција на бразилската репрезентација, Кутињо одговараше и на прашања поврзани со ВатсАп групата на фудбалерите на Барселона.

Шпанија

Бразил и Аргентина би можеле да се сретнат во полуфиналето од Копа Америка, па на новинарите им беше интересно тоа што Кутињо и Меси ќе играат еден против друг.

„Имаме ВатсАп група на тимот и таму сите му честитавме роденден на Меси како што правиме и кога на било кој друг му е роденден“, објаснува Кутињо.

„Комуницираме таму. За мене е задоволство да играм покрај него. Меси е многу смирен дечко надвор од теренот и ми помогна многу“.

Кутињо беше запрашан дали Нејмар е се уште во ВатсАп групата.

„Не. Нема многу дискусии во групата периодов, само се честитаат родендени. Не сме зборувале за Нејмар“.