24фудбал

Тотнем по 18 месеци е на прагот да купи играч и тоа ќе биде рекордно засилување, за 80 милиони пристигнува Ндомбеле

„Спарси“ минатата сезона не донесоа ниту едно ново име, но сега се на добар пат да го срушат клупскиот рекорд и да го ангажираат Танги Ндомбеле од Лион.

Англија

По речиси 18 месеци во Тотнем треба да пристигне засилување. Неколку извори од Англија и Франција пренесоа дека „спарси“ се на чекор до потпис со Танги Ндомбеле од Лион.

Според Л’Екип, се водат преговори за трансфер вреден 80 милиони евра (65 милиони плус 15 милиони во бонуси). Телеграф пак пишува дека зделката треба да биде 55 милиони фунти, што во евра би значело околу 62 милиони. Скај Спортс пак пренесе дека трансферот е 65 милиони фунти, односно околу 73 милиони евра.

И трите суми се рекордни за Тотнем, па кога двата клуба ќе ги испеглаат сите детали во следните денови, Танги Ндомбеле ќе стане прво засилување за Маурисио Покетино по јануари 2018 и најскап трансфер во историјата на „спарси“.