24фудбал

Тим од 11 фудбалери вреден 280 милиони евра кои не ги сака Зидан во Реал Мадрид (ФОТО)

„АС“ состави тим на Реал Мадрид од 11 фудбалери кои не се по мерка на Зидан кој има поголема вредност од 69 екипи на 98. клубови од најдобрите пет лиги во Европа.

Шпанија

Откако купи пет засилувања за следната сезона (Азар, Родриго, Јовиќ, Милитао и Менди), а се најавуваат уште, Реал Мадрид полека треба да почне и да продава.

Една продажба е веќе комплетирана, таа на Маркос Љоренте во Атлетико, во наредниот период се очекуваат повеќе играчи да го напуштат Сантијаго Бернабеу.

Маркос Љоренте заедно со уште десет играчи го сочинуваат тимот составен од „АС“ на фудбалери на кои Зидан нема да смета.

Вредноста на фудбалерите е според „Трансфермаркт“. На голот е Кејлор Навас кој вреди 10 милиони евра. Во дефанзивата се Тео, Ваљехо и Регилон. Во средниот ред покрај Љоренте се Себаљос и Ковачиќ. На крилните позиции се Одегард, и најскапиот Герет Бејл кој вреди 60 милиони евра. Во нападот е Мариано, а зад него е Хамес Родригез.

Вкупната вредност на овој тим на Реал Мадрид изнесува 280 милиони евра, со тоа е поскап од 15 тима во Ла Лига, 15 во Серија А, од 18 во Лига 1, 12 од Бундеслигата и од девет од Премиерлигата. Вкупно е поскап од 69 тима од 98. кои се натпреваруваат во петте најдобри лиги во светот.