24фудбал

Палермо во хаос, лажна гаранција од бугарска осигуритeлна куќа ги носи „сицилијанците во четврта лига?!

Палермо на нашите Илија Несторовски и Александар Трајковски може да заврши во Серија Д откако „сицилијанците“ биле измамени од личност којa се преставилa како брокер на бугарска осигурителна куќа.

Италија

Палермо пред месец ипол сонуваше за влез во Серија А, но сега може да биде преселен во четврта лига. Откако се спаси од преселба во Серија Ц поради финансиски малверзации, „сицилијанците“ сега се во нов хаос.

Клубот од „Ренцо Барбера“ во понеделникот, една минута пред полноќ и крајтниот рок гo достави барањето за регистрација во Серија Б, но медиумите шпекулираа дека документацијата не била потполна.

Од Палермо се правдаа дека причина за тоа што не доставиле финансиска гаранција бил технички проблем, но Ла Република стапила во контакт со бугарската осигурителна луќа која требала да гарантира, и од компанијата кажале дека никогаш немале никакви контакти со „сицилијанците“.

Кога ова му било посочено на сопственикот на Палермо, Салваторе Тутоломондо и набрзина биле направени дополнителни проверки, било установено дека парите ги дале на човек кој велел дека е брокер на Бугарите но никогаш не соработувал со нив.

„Што можам да кажам? Измамени сме“ – вели генералниот директор на Палермо, Фабрицио Лукези.

„Се потпревме на погрешни луѓе. Сега се обидуваме да обезбедиме нова гаранција и да ја доставиме. Ќе видиме што ќе се случи. Утре на виделина ќе излезе вистината, но она што се случи е навистина неверојатно“.

Доколку Палермо не може да ја докаже својата финансиска стабилност, нема да му биде дозволена регистрација во Серија Б за сезоната 2019/20 и клубот ќе треба да биде испратен во Серија Д.