24фудбал

Лампард добива тригодишен договор вреден 16,5 милиони фунти и ветување од Роман Абрамович

Френк Лампард следната недела ќе ја започне авантурата на тренерското столче на Челси, стратегот ќе добие тригодишен договор и плата од 5,5 милиони фунти по сезона како и ветувања дека ќе добие време да се докаже.

Англија

Френк Лампард е пред враќање на Стемфорд Бриџ откако Дерби вчера соопшти дека Челси добил дозвола да преговара со Англичанецот. Сега „сините“ ги пеглаат деталите со својата легенда и се очекува Френк Лапард следната недела да ја започне авантурата на тренерското столче на Челси.

Според пишувањата на Сан, стратегот ќе добие иста плата како Маурицио Сари и тригодишен договор вреден 16,5 милиони фунти, односно 5,5 милиони фунти по сезона.

Телеграф додава дека тој добил и ветување од Роман Абрамович дека ќе биде на кормилото барем една цела сезона. Со оглед на тоа дека Челси е под забрана за трансфери а остана и без својот најдобар играч Еден Азар, Френк Лампард ќе добие време да докаже дека е кадарен да води клуб од највисоко ниво и да атакува на титулите во Англија и Лигата на шампионите.

Телеграф исто така пишува дека основната плата на Френк Лампард ќе биде 4 милиони фунти годишно, со можност таа да биде покачена доколку првата сезона биде успешна.