24фудбал

Откако Рома го „шутна“, Де Роси сака да заигра за Милан!

Тренерот на Милан, Марко Џампаоло потврди дека Де Роси посакал да работи со него на Сан Сиро.

Италија

Де Роси е слободен играч откако Рома одлучи да не му го продолжи договорот. Една од опциите е трансфер во Милан.

„Неодамна Де Роси ми кажа дека сака да дојде и да работи со мене“, изјави Џампаоло.

„Реков дека ќе размислам за тоа и дека секогаш кога има можност за соработка, размислувам за тоа“.

„Тој е играч со голема пасија која знае да ја пренесе на тимот. Размислував за тоа и се уште размислувам“.