24фудбал

Ако не успее да го купи Сане, ѕвезда на Барса е планот Б на Баерн

Баерн Минхен работи за да го донесе Лирој Сане, од Манчестер Сити но се уште не се знае дали зделката ќе биде реализирана, Баварците имаат и други опции.

Германија

Баерн Минхен е во потрага по крилен фудбалер во летниот преоден рок и нивна прва желба е Лирој Сане.

По првите разговори со Манчестер Сити, Баварците се уверени дека можат да ги исполнат високите барања на англискиот клуб. Вкупниот пакет за трансферот на Сане вклучувајќи ја и неговата плата за петгодишен договор ќе го чини Баерн околу 175 до 200 милиони евра.

Проблемот е што Сане се уште не донел одлука за својата иднина. Според „Билд“ тој тоа ќе го направи по неговиот одмор во Лос Анџелес и на Хавеите. Како и да е, германскиот весник неодамна излезе со шпекулација дека фудбалерот повеќе сака да остане во Манчестер отколку да се врати во Бундеслигата.

Манчестер Сити му нуди годишна плата од 11 милиони евра на Сане за тој да потпише нов договор, но барањата на фудбалерот се високи, сака околу 20 милиони, ниту Баерн нема да му даде толку висока плата, но ќе му понуди повеќе отколку „граѓаните“.


Сепак Баерн Минхен не е наивен за долго да го чека одговорот од Сане, тие имаат опција Б, а таа Осман Дембеле од Барселона.

Се вели дека во јули Барселона ќе го комплетира трансферот на Гризман, па ќе се зголеми конкуренцијата во нападот. А можно е да се врати и Нејмар.

Во таков случај Дембеле сигурно ќе биде вишок во Барселона, па Баерн Минхен ќе се обиде да ја искористи таквата позиција и да го ангажира офанзивниот играч, но само доколку добијат „корпа“ од Сане.