24фудбал

Интер договори трансфер на Австриецот кој даде гол против Македонија

Интер постигна договор со Херта за ангажман на Валентино Лазаро, информира „СпортИталија“.

Италија

23-годишниот Австриец имаше одлична партија во Скопје која ја зачини и со гол против Македонија.

Крилниот фудбалер од следната сезона треба да игра за Интер, остануваат уште формалности за неговиот трансфер да биде комплетиран.

Интер се договорил со Херта за сума од 18-20 милиони евра плус бонуси.

Пред неколку недели имаше информација дека Интер ги договорил личните услови со Лазаро.