24фудбал

Тери му дава поддршка на Лампард: Тој е идеално решение за Челси во моментов!

Џон Тери верува дека Френк Лампард е идеално решение за Челси во моментов и му предвидува успех како тренер на сините.

Англија

Тери и Лампард долго време заедно како фудбалери му носеа титули на Челси. Двајцата се вистински легенди на Стемфорд Бриџ и многу добро се познаваат.

Лампард е пред враќање во Челси и тоа како тренер, а Тери верува дека нема подобро решение за позицијата од неговиот поранешен соиграч.

„По сезоната која ја имаше со Дерби и со забраната на Челси за трансфери, нема подобар од Лампард за да му донесе успех на Челси. Ова е перфектен момент за него и за клубот“, смета Џон Тери.

„Френк беше под притисок да успее во Чели и денот кога како фудбалер дојде од Вест Хем и никогаш не потфрли. Напротив, стана најдобриот фудбалер на Челси во историјата. Фановите го сакаат. Лампард е легенда и сега е вистинско време да се врати дома“.

„Роман е успешен бизнисмен бидејќи бара многу, но Френк ќе го исполни тоа. Лампард ќе биде пречекан со одговорност да го направи Челси поконкурентен и да донесе стабилност во клубот која веројатно недостасува“.

„Тој има тактичко знаење, ентузијазам и ќе има поддршка од фудбалерите и фановите да докаже дека може“.