24фудбал

Де Лихт: Како дете сакав да бидам Роналдо, првиот дрес ми е од ЦР7

Медиумите од Холандија објавуваат интервју со Матајс де Лихт во кое фудбалерот открива дека како дете кога играл со другарчињата сакал да биде Кристијано Роналдо и неговиот прв дрес бил токму од ЦР7.

Италија

Перспективниот дефанзивец е на чекор до Јувентус, а покрај тоа што „Старата дама“ му дава луда плата, адут плус во корист на шампионот на Италија е желбата на Холанѓанецот да тренира и учи од Кристијано Роналдо.

Медиумите од Холандија сега објавија интервју од Де Лихт во кое капитенот на Ајакс раскажува дека како дете сакал да биде Кристијано Роналдо.

„Неодамна бев на вечера со другарите од детството и ме потсетија дека како мал сакав да бидам Кристијано Роналдо кога игравме фудбал во дворот. Тоа беше во времето кога тој настапуваше за Манчестер јунајтед. Всушност и мојот прв дрес е од него, од тој период. Вечерата беше неколку дена по дуелите со Јувентус на кои јас водев битка токму со Кристијано Роналдо“ – вели Де Лихт за ВИ.