24фудбал

Реал Мадрид тргна по потписот на Ван де Бек, Ајакс ја одреди цената

Ајакс на распродажба, холандскиот тим имаше блескава сезона зад себе, стигна до полуфиналето од Лигата на шампионите елиминирајќи ги претходно Реал Мадрид и Јувентус, а младите надежи на тој клуб се мета на повеќе европски гиганти.

Шпанија

Според информациите кои ги објави „Телеграф“, се вели дека Реал Мадрид веќе воспоставил контакт со Ајакс околу 22 годишниот фудбалер од средниот ред на холандскиот прволигаш, Дони ван де Бек.

Младиот Холанѓанец потекнува од младинскиот погон на Ајакс, а во вторникот „Марка“ извести дека Реал Мадрид во него гледа „план Б“ доколку не успее во намерата да го обезбеди потписот на Пол Погба од Манчестер јунајтед.

Како и да е, „Телеграф“ веќе извести за контактот кој го воспоставиле Кралевите со Ајакс, а се вели дека директорот на Ајакс, Марк Овермарс од поодамна е свесен за интересот на шпанскиот гигант.

Наводно Овермарс веќе им ги пренел условите на клубот околу потенцијалната продажба на Ван де Бек, а бараната цена наводно изнесува околу 50-60 милиони евра, цена која Реал Мадрид нема ништо против да ја издвои за овој трансфер.

Во моментов младиот фудбалер има одмор по напорната сезона, а се уште не е познато дали би сакал да се пресели во редовите на Реал Мадрид, тој неодамна изјави дека посакува да остане барем уште една година во Амстердам, меѓутоа, преселба во шпанската престолнина веројатно би го предомислило.