24фудбал

И волкот сит и овците на број: Барселона од Валенсија го купи голманот Нето за 26+9 милиони евра

Барселона официјално го потврди трансферот на голманот Нето од Валенсија, Бразилецот пристигнува за 26+9 милиони евра и добива четиригодишен договор со откупна клаузула од 200 милиони евра.

Шпанија

„Каталонците“ синоќа на Валенсија и го продадоа голманот Јаспер Силесен за 35 милиони евра, и веќе утрово двата клуба комплетираа нова зделка. Сега улогите се променети и Валенсија на Барселона и го продаде Нето.

Шампионот на Шпанија всушност и ги враќа парите на Валенсија и го купува Бразилецот за 26 милиони евра, плус додатни 9 милиони евра во бонуси.

Нето, кој ќе биде резерва на Тер Штеген, добива четиригодишен договор и откупна клаузула од 200 милиони евра.