24фудбал

Наполи би можел да остане со куси ракави, Атлетико Мадрид сака да го „украде“ Хамес

Хамес не продолжи со Баерн Минхен, неговата двегодишна позајмица истече, а германскиот бундеслигаш не ја искористи опцијата да го откупи неговиот договор, од друга страна пак, Колумбиецот не е во плановите на Зидан за идната сезона, па јасно е дека летово ќе има нов клуб.

Шпанија

Атлетико Мадрид наводно има план да го „украде“ Хамес Родригез од пред нос на Наполи, откако подолг период медиумите наведуваат дека италијанскиот прволигаш е прв избор на Колумбиецот.

Италијанските медиуми извесен период најавуваат дека 27 годишниот Колумбиец веднаш по Копа Америка ќе му се приклучи на Наполи, неофицијално, веќе бил постигнат договор, меѓутоа „Кадења СЕР“ предупредува дека Атлетико Мадрид е подготвен да лансира понуда до Реал Мадрид за неговиот потпис.

Шпанската радио станица објаснува дека Хамес има преголема љубов кон шпанската престолнина, но, како и да е, секако дека нема да бидат лесни преговорите со Реал Мадрид.

Атлетико Мадрид е доста активен на трансфер пазарот ова лето, веќе го договори трансферот на големата португалска надеж Жоао Феликс и тоа за 120 милиони евра, Бенфика веќе го потврди сето тоа, а доколку дојде и до потписот на Хамес Родригез, сигурно дека Јорганџиите ќе имаат мошне високи амбиции идната сезона.